БУГАРСКИОТ ПАТРИЈАРХ: : Братска Северна, Бугарија и Македонија се една kpв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот патријарх Неофит испрати специјална порака „до братска Северна Македонија“, пренесуваат бугарските медиуми. Неофит ги поздрави „православните браќа во Македонија“, порачувајќи им дека можат да сметаат на поддршката на Бугарската православна црква. „Да се радуваат на нашата поддршка и да знаат дека Бугарија и Македонија се една кpв. За многу години!“, рече Неофит.

Во БПЦ продолжува работата на специјалната комисија која пред две години беше создадена за помагање на МПЦ Охридска Архиепископија да добие автокефалност. Комисијата ја предводи старозагорскиот митрополит. На прашање на бугарската агенција БГНЕС, Неофит го коментираше и евентуалното негово учество на средбата на поглаварите на православните цркви, идната недела во главниот град на Јордан – Аман, по иницијатива на ерусалимскиот патријарх Теофил.

„Се разгледуваат уште неколку мислења и потоа ќе се донесе одлука“, рече тој. „Сѐ уште е под знак прашање“, дополни тој, допрашан дали сепак се предвидува некакво учество на претставник на БПЦ во Аман на 26 и 27 февруари. Присуство на средбата во Аман засега потврдија само патријарсите на Русија и Србија, додека речиси сите останати поглавари на православните цркви категорично одбиваат да присуствуваат. Последен во низата поканата ја одби грузискиот патријарџ Илија II, на почетокот на неделава. Според вселенскиот патријарх Вартоломеј, иницијативата на ерусалимскиот патријарх е задоцнета и го загpoзува единството на Православната црква.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This