Бугарскиот претставник во ЕУ ги зakoпа надежите дека ќе влеземе како Македонци во Унијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Бугарија не може да ја одобри нацрт преговарачката рамка, ниту да определи краен рок за свикување на првата меѓувладина конференција со С Македонија, вели бугарскиот постојан претставник во ЕУ, Румен Александров.

Како што објави бугарски „24 Часа“, причина за ваквиот став според Александров, е тоа што не се исполнети барањата од националната рамковна позиција, поддржана од Декларацијата на бугарското Народно собрание.

„На инсистирање на Бугарија, Советот потврди дека целосното спроведување на Договорот за пријателство и соработка од 2017 година е дел од процесот на пристапување“, изјавил Александров.

Истовремено, Бугарија потврди дека поддржува консензус за почеток на преговори со Албанија.

Официјална Софија усвои рамка која содржи повеќе од 20 услови кои Македонија ќе мора да ги исполни за да стане членка на ЕУ. Соопштението од бугарската влада по состанокот започнува со ставот дека „Бугарија го поддржува почетокот на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија“, а под него се наредени серија услови, квалификации и забелешки кои задираат во историјата и идентитетот на државата и граѓаните.

Најпрво, Бугарија се заканува дека „нема да дозволи интеграцијата на С. Македонија во ЕУ да биде придружена од европска легитимација на државно спонзорирана идеологија на анти-бугарска основа”, а истиот пасус финишира со оценката дека „препишувањето на историјата на дел од бугарскиот народ по 1944 година е еден од столбовите на антибугарската идеолошка конструкција на југословенскиот тоталитаризам.”

Eве ги точките од декларацијата:

Ефикасно и неодложно спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.

Строго придржување до членот 8 од Договорот дека „објективните, автентични, историски извори се засновани на докази за научно толкување на историски настани“.

Воздржување од дејствата со кои што се поддржуваат и поттикнуваат тврдењата за признавање на таканареченото македонско малцинство во Бугарија, вклучувајќи и во меѓународни организации.
Рехабилитација на жртвите репресирани поради бугарска самосвест.

Строго придржување до клаузулата во врска со официјалниот јазик на Република С Македонија, утврдена и ратификувана од парламентите на двете земји.

Целосно спроведување на договорите што ги постигна заедничкиот мултидисциплинарен експертски комитет за историски и образовни работи и нивно вклучување во образовни планови и материјали.

Запирање на говор на омраза кон Бугарија и граѓаните на Република С Македонија со бугарска самосвест, вклучувајќи медиуми, натписи на споменици и слично.

Реставрација и одржување на бугарски воени гробишта и споменици на територијата на Република С Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This