БУГАРСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ ЕДНОГЛАСНИ: Текстот во македонските учебници треба да се промени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тонот во учебниците во Македонија треба да се промени, бидејќи е антибугарски, вели професор Иван Илчев, ректор на Универзитетот во Софија. Според него, бугарската држава направила многу грешки во врска со Македонија, а ова се резултатите, изјави Иван Илчев во гостувањето на бТВ, пренесува Експрес.

Тој наведе и конкретни примери: Според професор Илчев, член на Заедничката бугарско-македонска комисија за историски и образовни работи, овие изјави создаваат одредени расположенија во Македонија кои се антибугарски. Според него, текстот во учебниците треба да се промени. “Во учебниците има страшно многу недостатоци, се зборува за бугарска репресија против Македонците за време на Втората светска војна, но нема збор за српската репресија во Македонија против луѓето со бугарска самосвест.

Нема збор за крајот на 1940-тите, кога поради тоа биле убиени стотици македонски граѓани“, вели Илчев. Тој вели дека со колегите од Македонија се согласиле да ги објават изворите без да се преведат на современ македонски јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This