April 26, 2024, 10:17 pm

Бугарски медиум тврди дека португалскиот предлог е „еден јазик, наречен на различни начини“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пренесувајќи ги настаните и реакциите во Македонија околу изјавата на португалскиот државен секретар по европски прашања Ана Паула Закариаш за „северномакедонскиот“ јазик, кој еднаш бил бугарски, електронското издание на софиски „Дневник“ изнесува нови детали од преговорите во Софија.

Според изданието, излегува дека покрај формулацијата, што Бугарија ја бара од Македонија, наместо „македонски јазик“ да стои „официјален јазик на Република С Македонија“, постоел и друг предлог во португалскиот документ.

Изданието наведува дека оваа формулација не била содржана во изнесените барања од бугарското Министерство за надворешни работи, што беа објавени на 25 јуни.

Но, „Дневник„ натаму пишува: „Лисабон пред неколку недели подготви предлози за решавање на спорот, што не беа објавени, но според информациите, кои протекоа во медиумите, тие содржеа компромиси како потврдениот од Софија и од Скопје дека јазикот е еден, наречен на различни начини. За тој предлог Закариаш изјави дека тој е избалансиран и подготвен со разбирање кон двете страни“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This