БУГАРСКИ ЧЛЕН НА КОМИСИЈАТА ЗА ИСТОРИЈА: Македонците ќе ја проголтаат Северна, проблеми ќе има со ратификацијата во Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на бугарскиот дел од заедничката комисија за историски и образовни прашања Иван Илчев е уверен дека западниот сосед ќе го проголта новото име Северна Македонија за неговата држава, пренесува Експрес.

„Сметам дека ќе го проголтаат. Не е сигурно, меѓутоа, дали Грците ќе го проголтаат. Тоа е посериозниот проблем“, изјави тој во интервју за весникот „Марица“ од Пловдив.

Покрај веќе познатите бугарски забелешки за „грешките“ во учебниците по историја во Македонија, професорот по нова и најнова историја на балканските народи смета дека на Македонците
најтешко ќе им биде да го надминат антибугаризмот, за кој вели дека им бил наметнуван веќе еден век.

„Тешко дека ќе проголтаат сè. Од 1913 година досега, ако го исклучиме краткиот период од по три години во текот на Прва светска војна и на Втора светска војна, во Македонија бугарска книга не влегувала. Не влегувал бугарски учебник, немало бугарско училиште. Во целиот тој период соседите биле учени дека Бугарите им се најголемиот непријател. Всушност, во македонските учебници нема толку силна антигрчка пропаганда, колку антибугарска“, објаснува ректорот на софискиот универзитет „Светски Климент Охридски“ од 2008 до 2015 година.

„Нивниот поранешен премиер Љупчо Георгиевски имаше пишувано дека во војска го учеле оти прв непријател на Македонија е Бугарија. Тоа било основата на нивната обука. Тоа многу тешко ќе се промени – во пракса тоа се четири генерации што биле обработувани на еден начин, па многу слаба е надежта дека нештата брзо ќе се променат. Знаете каква бура се крева кај нас меѓу родителите кога ќе пробаме да промениме нешто во учебниците по историја, кое веќе не е тоа што го учеле претходните поколенија. Можете да си претпоставите што ќе се случи во Македонија. Задачата е сложена“, заклучува дописниот член на Бугарска академија на науките (БАН).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This