Бугapите вpиjaт: Демapш на 3axapиева до македонското МНР поради зaпaлeнo бугapcко знaмe во Beвчани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ангел Ангелов, бугарскиот амбасадор во Скопје упатил остар вербален протест поради инцидентот во Вевчани, објави на својот фејсбук-профил Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија.

Амбасадорот Ангелов реагирал по информациите дека за време на карневалот во Вевчани било запалено бугарско знаме.

„По повод медиумските објави за запалено бугарско знаме во село Вевчани во Република Северна Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје Ангелов до Владата на РСМ да изрази силно незадоволство по овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ”, напиша Захариева.

По повод медийните публикации за изгорено българско знаме в село Вевчани в Република Северна Македония разпоредих на…

Posted by Екатерина Захариева on Thursday, January 14, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This