Бугapите ќе бpkaaт лaжни вести во Македонија: МИА и БТА договорија зajaкната copaботка и заедничка бopба пpoтив лaжни вecти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зајакнување на соработката преку размена на сервисите, кои ги продуцираат, заедничка борба против лажните вести и придонес за засилување на новинарските стандарди во медиумската сфера договорија вчера новинските агенции на Северна Македонија и Бугарија, МИА и БТА.

Во посета на БТА, вчера беа генералниот директор и главен и одговорен уредник на МИА, Драган Антоновски, заменик-директорот Халит Ајдини и уредничката на генералниот сервис, Ана Цветковска.

Посетата беше реализирана на покана на генералниот директор на БТА, Кирил Волчев, кој неодамна дојде на оваа позиција, а како што изјави Влчев, Антоновски бил првиот директор на новинска агенција, кој му честитал на изборот, а тој го поканил да ја посети бугарската агенција.

На средбите беше констатирано дека соработката меѓу агенциите е мошне добра, но сепак постои простор за нејзино продлабочување, при што Антоновски и Волчев се согласија дека е потребен нов договор, кој ќе биде согласно новите текови на агенциското работење и во себе ќе го опфати мултимедијалниот пристап, односно размена на видео сервисите на двете агенции.

Антоновски и Волчев се согласија дека новиот договор предвидува размена на информации, односно БТА да ги добива сервисите на МИА на македонски и англиски јазик и МИА да ги добива сервисите на БТА на бугарски и англиски јазик, со исклучок на оние информации, кои засегнуваат трети страни, односно други новински агенции. Договорена е и зајакната соработка на видео сервисите на двете агенции, а БТА беше заинтересирана за воведување на преноси во живо на важни настани преку социјалните медиуми, пракса која МИА ја спроведува одреден временски период.

На средбата, како што информира Волчев во заедничкото гостување со Антоновски во студиото на БТА, била договорена и размена на познати новинари и личности, кои имаат влијание во медиумската сфера, кои ќе гостуваат во МИА и БТА, а оваа идеја би се реализирала по стишувањето на пандемијата со Ковид-19.

-Со Антоновски гледаме кон иднината. Она што го договоривме е да потпишеме нов договор. МИА и БТА имаат договор од 1999 година, кој во почетокот имал конкретни одредби, но потоа се претворил во еден меморандум, согласно кој и всушност разменуваме некакви информации. Она што се договоривме е размена на целосните сервиси на МИА на официјалниот јазик и на англиски, со исклучок на оние информации, кои засегаат трети страни, на пример други Агенции. Исто така ја разгледавме можноста на пример секој ден до 17 часот БТА да изготвува пакет од најважните вести од Бугарија за Република Северна Македонија, кој ќе биде објавен од МИА и при тоа да ја цитира БТА, а ние исто да добиваме таков пакет од МИА и со тоа да си помогнеме да се ориентираме во големиот проток на информации, рече Волчев.

На средбата се говореше и за борбата против лажните вести и за важноста на агенциите во поставувањето на стандардите во медиумското работење.

-Главен проблем во медиумската сфера во светот, но и на Балканот се лажните вести. Борбата против нив се води не само во медиумите, туку е неопходно и публиката да биде обучена да препознава вистинита од лажна вест, факти од пропаганда. Сите во Северна Македонија знаеме кои се медиумите, кои продуцираат лажни вести, но не се оградуваме од нив да кажеме тие и мисла дека тука е наш пробчем како еснаф, треба да се оградиме од оние што го валкаат просторот..Борбата против лажните вести бара долг период, не еден месец, нагласи Антоновски.

Додаде дека агенциите имаат добра позиција да бидат објективни и тоа е нивната предност, што можат да работат на точна и проверена информација, а не пропаганда.

Претставниците на МИА ги посетија редакциите на БТА, чии новинари поради Ковид-19 исто така работат комбинирано во групи, дел од просториите на Агенцијата, дел од дома.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This