Бугapија не дозволyвa нoв „Hимиц“: Пpeговори само помеѓу Maкедонци и Бугapи, бeз cтpaнци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Копретседателот во мешовитата македонско-бугарска комисија од македонската страна, Драги Ѓоргиев, вели дека Бугарија не била заинтересирана за посредник кој би помогнал да се постигне напредок во комисијата.

Според Ѓоргиев, Бугарите тоа го одбиле уште на почетокот, а таа тема не била отворена повторно.

Ние уште на првата средба на комисијата предложивме да бидат вклучени стручњаци, не историчари, туку повеќе експерти за учебници кои имаат искуство во тоа како да се надминат разни симболично-наративни спорови во учебниците, но тоа беше веднаш одбиено од бугарска страна. Тие посредници, требаше да бидат претставници на двете страни, а Македонија и Бугарија да имаа обврска да соработуваат со нив, заеднички да им исплаќаат хонорар за ангажманот итн. Бугарија одби со образложение дека нема потреба од посредници, олеснувачи итн, и дека ќе разговараме само двете страни, затоа што останатите не ја познаваат детаљно проблематиката. После тоа ние веќе не се обидовме да предложиме да се вклучи трета страна – вели Ѓоргиев за „Слободен печат“.

Тој додава дека македонската страна во одреден период имала двајца советници за учебниците, кои не биле дел од комисијата, туку само соработници.

Со нив се консултиравме за тоа каде грешиме, каков пристап во учебниците треба да се прифати, што да се поправи во работата и тоа не само за учебниците, туку и во целата комисија. но тие не беа дел од комисијата, туку само соработници – вели Ѓоргиев.

Европратеникот Андреас Шидер пред три дена предложи да се поканат еминентни странски историчари во заедничката комисија за да се излезе од ќорсокакот во кој се најдоа Македонија и Бугарија околу историските прашања.

Повеќе на „Слободен печат“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This