April 28, 2024, 11:37 am

Буквално ги помести: Земјотресот прeдизвика поместување на Сисак и Петриња кон исток

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силен земјотрес, кој минатата недела го погоди централниот дел на Хрватска, предизвика движење на Сисак кон исток за 10, а Петриња помеѓу 15 и 20 сантиметри.

Загребскиот весник „Јутарњи“ пишува дека, според пресметката заснована на сателитски снимки од Европската вселенска агенција, најразорниот земјотрес во Петриња предизвикал поместување на земјата со амплитуда од дури 70 сантиметри.

Најголемата смена, се наведува, е забележана во шумската област опкружена со местата Слана, Глинска Полјана и Гора. Во западниот дел од раседот, земјата се искачи за 40 сантиметри, а падна за 30 сантиметри во близина на градот Петриња.

„Сисак се движеше со многу помал интензитет од Петриња. Прелиминарно, Сисак помести 10, а Петриња меѓу 15 и 20 сантиметри“, рече д-р за Јутарњи лист Марин Говорчин од Факултетот за геодезија во Загреб.

Според Извештајот на хрватскиот геодетски институт објавен вчера, земјотресот во Хрватска се случил на расед што се протега приближно во правец северозапад-југоисток и поминува низ Покупље кај Петриња и Глина.

Тој расед е граница помеѓу два многу различни тектонски блока, Динаридите и Панонскиот басен, пренесува Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This