И покрај одбиената екcтpадиција – Kayцијата му е oдбиeнa, Acaнж останува во затвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џулијан Асанж основачот на „Викиликс“ останува во притвор иако не беше екстрадиран во САД. Судот во Британија откако го одби барањето на САД за негова екстрадиција, сега го одби неговото барање за кауција.

Асанж (49) ќе остане во лондонскиот затвор Белмарш, каде веќе издржа 50-неделна казна за кршење на условите за кауција уште во 2012 година кога влезе во лондонската амбасада на Еквадор за да избегне екстрадиција во Шведска.

После одлуката на британскиот суд за одбивање на екстрадицијата, САД веднаш реагираше и објави дека ќе ја обжали оваа одлука.

Судијката Ванеса Бараистер во пресудата рече дека „постојат значителни основи да се верува дека Асанж, доколку биде ослободен денес, нема да се предаде на судот и да се соочи со жалбената постапка“ Неговиот адвокат, Едвард Фицџералд, кој поднесе барање за кауција, пред судот рече дека има докази дека Асанж нема да избега ако биде ослободен.

Асанж е обвинет во САД за заговор за поседување и обелоденување на информации за национални безбедносни информации, заговор за упад во компјутер, поседување на безбедносни информации (седум точки) и откривање на информации на национални безбедносни ифнормации (девет точки), за што му се заканува казна затвор од 175 години.

Тој е во затвор во Лондон откако Еквадор му го одзеде азилот, па беше уапсен во 2019 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This