Европскиот регулатор ја одобри вакцината на „Mодерна“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцината против коронавирусот на американската компанија „Moderna“ доби во средата одобрување од европскиот регулатор и стана втор ваков препарат одобрен во Европската унија.

Откако Европската агнеција за лекови (ЕМА) даде залено светли, вакцината треба да биде одобрена уште од Европската комисија и тој конечен чекор се очекува многу скоро, за да може да започне вакцинирањето со овој препарат и да се забрза вакцинацијата на населнието во Европската унија.

Комисијата за лекови за хумана употреба (CHMP) при ЕМА, ја одобри вакцината на состанокот во средата, отккао претходниот вонреден состаник одржан во победелникот заврши без заклучок.

Според досега познатот за вакцината на „Moderna“, така по двете дози од препаратот дава заштита на организмот од најмалку 90 дена. Таа, исто како и вакцината на „Pfizer/BioNTech“ се заснова на „mRNA-1273“ новата технологијата за развој на вакцини.

Во „Moderna“ очекуваат дека вакцината ќе биде стабилна 30 дена на вообичаените температури од 2 до 8 Целзиусови степени, како и дека може да се складира до шест месеци на минус 20 Целзиусови степени. Вакцината на „Pfize/BioNTech“, пак, мора да се транспортира и да се складира на минус 70 Целзиусови степени, температура која е својствена за зимите на Арктикот. Може да се складира до пет дена на стандардна температура во ладилник или до 15 дена во термална кутија за транспорт на медицински препарати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This