EУ: Во Бугарија „на цpнo“ се продава kpвна плaзma како лek за Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарската телевизија Нова објави дека во земјата „на црно“ се продава крвна плазма од оздравени пациенти од Ковид-19. Цената на крвната плазна е над 2.500 евра.

Новинарите на телевизијата Нова, претставувајќи се како заинтересирани купувачи, се сретнале со посредниците во кругот на една софиска болница. Посредниците тврделе дека крвната плазма е од човек кој оздравел од Ковид-19 пред два месеца и оти за тоа ќе достават и ПЦР тест.

По прилогот на телевизијата Нова Софиското обвинителство покрена истрага.

Трансфузијата на крвна плазма не е универзален лек и ако не е по препорака на лекар туку самоиницијативно, би можела да биде штетна. Терапијата со крвна плазма не е потврдена и се заснова само на прелиминарни студии. Важно е луѓето да го знаат ова, истакна бугарската експертка за медицинско право Марија Петрова.

Таа додаде дека продажбата на крвна плазма е кривично дело.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This