Џафери упати честитка за Божиќ до православните христијани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, упати леститка до граѓаните од православна вероисповед по повод големиот христијански празник,  Христовото раѓање – Божиќ

Почитувани граѓани, припадници на православната вероисповед,

Дозволете од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ. Ви посакувам добро здравје, душевен мир, спокој, личен и колективен напредок. Празникот нека биде уште една причина повеќе да споделувате убави празнични моменти со вашите најблиски и најдраги, секогаш водејќи се од мислата на скапоценоста на среќата и топлината што ја наоѓаме во сопствениот дом. Со празнувањето на Божиќ се слави добронамерноста и правењето на добрите дела, солидарноста и хуманоста, љубовта. Се слави вербата дека годината што ја оставивме зад себе, ни овозможи да согледаме колку е кревок човековиот живот и колку е значајно единството и меѓусебната поддршка. Се слави надежта дека во новата година, нема да бидеме ставени пред други предизвици кои го отежнуваат нашиот пат кон светла иднина.

Среќни Божиќни празници!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This