Булеварот Климент Охридски ќе се враќа во првoбитната состoјба: Две колoвозни лeнти и срeдишно зеленило со пешачка зона

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје повторно ќе има две коловозни ленти и средишно зеленило со пешачка зона како што беше пред да се проширува. Ова се предвидува со проектот за брзиот автобуски превод (Бас рапид транзит – БРТ) кој Град Скопје почнува да го спорведува откако од Европската банка за обнова и развој беше одобрен кредит од 70 милиони евра.

Булаверот Климент Охридски во 2012 беше проширен и за сметка на средишното зеленило и пешачката зона, доби три коловозни ленти.

Од Град Скопје велат дека со проектот за БРТ нема потреба булеварот да има три ленти, бидејќи трасата нема да минува по Климент Охридски како што било предвидено за трамвајот.

„Со проектот за Бас рапид транзит во овој дел нема да се движат возилата на новиот јавен превоз, туку трасата ќе оди до крај на булеварот Партизански одреди, потоа по улиците Даме Груев и Димитрије Чуповски кон Рекорд. Исто така, до воведување на БТР готов ќе биде булеварот Македонија, односно подземната сообраќајница кај Јужен булевар. Новиот јавен превоз заедно со новиот булевар ќе придонесе да се намали притисокот на возила во овој дел, со што се отвора можност повторно да се врати пешачката зона во средина заедно со ново зеленило“, велат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.

Со проектот за БРТ исто така се предвидува изградба на комплетно нов мост Обединети нации во Влае, а улицата Даме Груев нема да се проширува, туку ќе остане со две коловозни ленти и само ќе се реконструира оти е со дупки и прокопи на секој чекор. Рекорд ќе стане пешачка зона, односно ќе биде дозволено движење само на возилата од јавниот превоз.

Според сообраќајното решение кое беше презентирано во јули, возилата ќе се движат по посебната лента која ќе биде во средишните жардинери, а ќе биде одвоена од лентите за сообраќај со зеленило од двете страни. Станиците ќе бидат од затворен тип, што значи наплатата ќе се врши во нив по принципот на метро станиците, а не во автобусите. Со тоа, пократко ќе биде задржувањето на патниците и ќе се овозможи поголема брзина на возилата. Од Ново Лисиче до Ѓорче Петров ќе се стасува за 30 минути.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This