„Еден од булеварите пред влада или Собрание треба да го носи името на Џес Бејли. Никој друг амбасадор толку искрено и ангажирано не се трудел Македонија да стане нормална правична и просперитетна држава.“ – ваква иницијатива беше покрената на социјалната мрежа Твитер од твитерџијата Теодос.
Оваа граѓанска иницијатива на Теодос ја поздрави и подржа и познатиот адвокат Александар Тортевски, но и од уште десетина други познати твитер корисници.
Дали институциите ќе имаат слух и ќе ја прифатат иницијативата па еден од булеварите во Скопје ќе го носи името на Бејли, останува да видиме.