БУТАРИС ИМА ПОТЕКО ОД МАКЕДОНИЈА: Во најава нови соработки меѓу Скопје и Солун а кој е Јанис Бутарис?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јанис Бутарис кој во Скопје дојде по повод разорниот земјотрес од 1963 година, од земјава ќе замине со нови договорени соработки, пренеусва Фактор.

Градоначалникот на Солун и грчка делегација покрај средбите со државниот врв, беа во официјална посета и на Музејот на современата уметност во Скопје а од МУС со радост најавија идни соработки.

Бутарис е голем пријател на Македонија и во повеќе наврати испрати пораки за соработка и добри односи меѓу двете земји, пред да се потпише Договорот од Преспа, сега се залага соработката да се прошири и со партнери од Атина и да се збогати со директно учество на уметниците и кураторите на двете земји.

Директорката на музејот Гаќина кажала дека се ретки оние градоначалници кои храбро влегуваат во пресметка со конзервативизмот и кои знаат дека зад успешен град стои жива уметничка сцена.

ДОСИЕ ЈАНИС БУТАРИС

БУТАРИС ИМА ВЛАШКИ КОРЕНИ И РОДНИНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Јанис Бутарис е роден на 6 јануари 1942 година во Солун, Грција.

По потекло, Бутарис е од Крушево, а неговото семејство живее во Битола.

Бутарис во 2013 година првпат како градоначалник дојде во официјална посета на Македонија и тогаш ја македонската јавност откри дека има влашки корени, од Крушево.
Тој рече дека никогаш не крие дека неговите родители се Власи, но жали што не го зборува јазикот на неговите предци.

ВО СКОПЈЕ НЕ НАРЕЧЕ МАКЕДОНИЈА

Бутарис, при давањето изјава по средбата со премиерот Зоран Заев во 2017 година, нашата земја ја нарече Македонија, иако за грчката јавност бевме БЈРМ.

„Се надевам и ќе го предложам тоа, следната средба на двајцата премиери, на Грција и на Македонија, да се случи во Солун“ – рече меѓудругото Бутарис.

Не ми пречи македонскиот јазик, потребно е да се развие атмосфера на доверба меѓу Македонија и Грција, изјави тој во интервју во 2016 година.

„Од што се плашиме, дека можеби соседите ќе ни го земат Солун? Сега е шансата да завршиме со ова отворено прашање. Скопјаните не се човекојадци“, рече солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, во писмениот поздравен говор на конференцијата „Национализам наспроти патриотизам”, организирана од грчката партија „Река” лани.

ГО НАПАДНАА ГРЧКИ НАЦИОНАЛИСТИ ПОРАДИ СТАВОВИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

Бутарис лани беше хоспитализиран откако го нападнаа националистички екстремисти кои му нанесоа повреди во пределот на главата, рацете и нозете.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This