БУХАРИ: НЕ СУМ МPТОВ, ОВА СУМ ВИСТИНСКИОТ ЈАС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари вчера се обиде да ги демантира гласините дека починал поради сериозни здравствени проблеми и дека е заменет со двојник, кој дошол од Судан.

– Наскоро ќе го прославам 76-иот роденден и ќе продолжам да се чувствувам добро. Многумина се надеваа дека сум починат поради проблемите со здравјето. Не сум мртоB, ова сум вистинскиот јас, изјави Бухари.

Според нигерискиот претседател, луѓето што ги шират гласините за неговата смPт се неуки.

Бухари јавно се огласи со демант откако веќе неколку месеци на социјалните мрежи се шират гласини дека тој е починат и дека е заменет од измамник по потекло од Судан со име Џубрил.

Ваквите тврдења се шират низ социјалните мрежи, иако досега никој не ги поткрепил гласините со докази за смPтта на претседателот.

Бухари најави дека следната година ќе се бори за втор претседателски мандат. Поголемиот дел од 2017 година тој ја мина во Лондон, каде што се лекуваше. Властите досега не соопштија од што боледувал Бухари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This