БУЧКОВСКИ: Руското влиjaние, но и политичките околности пpeчат за зближување на Софија и Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околностите на политичката ситуација во Македонија, но и руското влијание во земјава се големи причини зошто има потешкотии за зближување на двата братски“ народи, вели поранешниот македонски премиер, Владо Бучковски. Како што пренесува Бнр.бг, Бучковски појаснува дека повторно има засилување на силите што во времето на комунизмот и социјализмот ја оддалечиле Македонија од Бугарија, и тие сили се обидуваат да ја повлечат Македонија во некој друг правец, а не кон современа Европа.

– Очигледно е приближувањето на Македонија кон почнување преговори со ЕУ, а извесно е членството во НАТО и тоа предизвикува да се разбудат силите коишто сакаат на Балканот повторно да има дестабилизација. Тие сили се плашат од сојузот и големата коалиција што ја создадоа сегашните раководства на Македонија и Бугарија на патот кон ЕУ – вели Бучковски.
Професорот појаснува дека таквата состојба е плодно тло за дневнополитички игри.

– Очигледно е дека во Македонија има тенденции одново да се разбудат антибугарските сили коишпто изгледаат нервозни поради приближувањето на двата братски народа. Но, од друга страна, имам чувство дека и во Бугарија дел од политичарите се исплашија од договорот и од приближувањето на двете страни, затоа што ќе биде затворено македонското прашање и ќе мора да се фокусираат на секојдневните проблеми во општеството. Јас сум убеден дека ние треба да бидеме сојузници и како Македонец мислам дека немаме поголем пријател од Бугарија и бугарскиот народ. Тоа очигледно некому му пречи и во Скопје и во Софија – вели Бучковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This