Бучковски тврди дека Црвенковски сака да го пpeвземе СДCM

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер Владо Бучковски смета дека по заминувањето на Зоран Заев, кој даде оставка на функциите премиер и лидер на СДСМ, неколку групации покажуваат амбиции да ја преземат партијата, а меѓу нив е и Бранко Црвенковски.

– Има неколку групации кои беа незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водеше политиката. Едната групација е на Бранко Црвенковски, кој не го криеше тоа. Беше многу симптоматично тоа што неговото обраќање во МАНУ беше на почетокот на кампањата. И јас се соочив со такво нешто во 2006 година. Суетата на Црвенковски… Не сите спонтано останаа дома, дел од членовите на СДСМ, на тој начин направија ваква разлика за ВМРО-ДПМНЕ. Максим Димитриевски исто така отворено се конфронтираше со партијата – рече Бучковски.

Ако Заев опстои и на таа втора оставка, за која, како што вели Бучковски, имало иницијативи да не се повлече барем од чело на СДСМ, тогаш по констатирањето на неговата оставка, во рок од 15 дена Иврзшниот одбор на партијата ќе ги распише изборите, каде очигледно ќе има повеќе кандидати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This