БУЏЕТОТ НА ВЛАДАТА ОДВОЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО Е СМЕШЕН: Невладините коментираат дека мерките на власта се популистички

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Буџетот кој го одвои владата за борба против загадувањето е смешен да се расправа затоа што е популистичка мерка и шминка – треба одлучни и храбри мерки, човечки капацитет и колективен дух во борбата против загадувањето, велат Андреа Јанков од здружението „го сакам Водно“ и Невена Георгиевска од невладината иницијатива за чист воздух о2.

Во Отворено на Алфа тие констатираат дека мерките се популистички затоа што политиката размислува само во рамките на еден или два мандати и после тоа потоп. Проблемот е комплексен и треба да се гледа долгорочно. Сметаат дека во главниот град премногу се гради, а не се гледаат ниту конкретни решенија, како што е миење на улиците што порано беше пракса. Исто така нема ниту валиден попис колку оваа котлина може да издржи, има пренаселеност и прашање е дали инфраструктурата ќе издржи – со еден збор  Скопје е пренаселен.

За кандидатурата на град Скопје да стане Европска зелена престолнина во 2021 велат дека е смешна. Требаат најмалку 20 години – да бидеме среќни доколку за 2 години успееме да ја намалиме загаденоста на возухот за 50 проценти, велат гостите.

Со мерката за налепници на возилата само 20 проценти ќе се реши од целиот проблем, меѓутоа што станува со другите загадувачи. Во држава како нашата секогаш има простор за манипулација, велат од „го сакам Водно“ и од невладината иницијатива за чист воздух о2.

Инспекциските служби треба да бидат почесто на терен. Не се прави реална слика од состојбата на терен . Самите општини немаат доволно кадар, а властите треба поодговорно да се вклучат во овој проблем – треба храбри и ригорозни чекори.

За изјавата на министерот за животна средина, Садула Дураку,  дека Македонија не е Швајцарија, велат дека е срамна.  За борбата со загадувањето се одвоени само 1,6 мислиони, граѓаните немора да го загрижуваат министерот ама може природата, велат од иницијативата О2. Тие побараа оставка од овој министер. Сметаат дека власта треба да покаже подготвеност, не само одговорноста да се префрлува од еден на друг. Велат сите загадуваме, но во борбата треба да предначат институциите и Владата. Законите треба да имаат приоритет по ова прашање. Ако не се преземе ништо за неколку години ќе има големи проблеми со заболувањата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This