Бeтoнckи пpcтeн кој гapaнтиpa koнтинyитeт на работењето на Владата на Р.Македонија при тepopиcтичkи нaпaд, kaтacтpoфи, eлeмeнтapни нeпoгoди…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатата година во Прилеп, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски отвори и пушти во употреба бункер кој гарантира продолжена работа на владата и заштита на податоци во случај на природни катастрофи, вандализми или тероризам.

По проектот на 1х2СТУДИО од Белград, на чело со архитектот Зоран Абадиќ во Прилеп е изграден „Business Continuity and Disaster Recovery Data Center“ кој гарантира континуитет во работењето на ИТ системите во функција на делувањето на Министерствтоот за внатрешни работи. Основната цел на проектот е да обезбеди заштите на периметарот на објектот и опремата (како и сите информации и софтвер) од кражба, вандализам, природни катасторфи (вклучително и земјотрес), предизвикани катастрофи, тероризам и неочекувани штети од електричен напон, екстремни температури и случно.

Локацијата на објектот е позиционирана североисточно од центарот на Прилеп, на 132 односно 176 километри од Скопје, поточно 2.20 километри од центарот на Прилеп. До најблискиот изграден објект на 230 метри, до пристапниот пат за возила околу 160 метри, до други пристапни патишта во периметарот на објектот околу 200 метри. Основната функција на објектот е да обезбеди сигурно сместување на компјутери, складишта и мрежни уреди, енергија за нивно одржување, контрола на температура за работа, како и поврзаност со други уреди внатре и надвор од објектот.

Централно јадро

Организационо, зградата е функционално поделена на два дела, кружен прстен за сместување на техничката опрема и инсталација, и централно јадро за сервер собата со капацитет за сместување на 120 рек (rack) единици. Кружниот прстен е исполнет со простории за сместување на машински инсталации (простории за гас), електрични и инсталации за телекомуникации, вклучително и просторија за провајдерот. Остатокот на просторот во објектот за сместување ан вработени лица (мрежни техничари, оператори, обезбедување) кои гарантираат полно работно време на дата центарот од 24 часа, седум дена во неделата.

Платформата за утовар, како и пристапната внатрешна улица околу објектот се еднакво елементи на архитектонскиот дизајн како и површината на пејзажот. Обезбедениот периметар околу пристапните улици е минимум 100 метри.

Сервер собата е проектирана како соба во соба и обезбедува највисоко ниво на физичка заштита, а со самото тоа спречува и ризици. Вградените системи обезбедуваат сеопфатна заштита и како такви, мултифункционална безбедност на сервер системите, мрежните компјутери и системите за комуникација. Структурата на сервер собата е проектирана во склад со ТИА-942 и ЕН-1047-2:2009 стандардите. Големината на сервер собата е со капацитет од 60 рекови, димензии 1000х600мм во прва фаза, додека додатни 60 рекови се предвидени за втора фаза. Силата на еден рек е 7.2 кW.

Основната структура на објектот претставува удвоена бетонска конструкција од масивно армирани бетонски ѕидови исполнети со високо ефикасни изолациони материјали со највисока заштита од пожари. Сите елементи на структурата на објектот, ѕидови, тавани и кров не содржат ниту еден отвор.

Во склад со основната намена, овој објект бара постојано одржување 24/7/365. Во период на одмори и отсуства, потребни се 5-6 лица за регуларно одвивање на една работна смена во траење од 24 часа, 7 дена во неделата. Бројот на вработени внатре во објектот, на позиција техничари е 2, мрежни оператори 2+2, вооружено обезбедување 2, а надвор од објектот 19 лица, на позиција вооружено обезбедување 5, на локација 2, на пријавница 2, во зона на периметар околу 10 лица.

Фактографија:
Име на проектот: Business Continuity and Disaster Recovery Data Centre
Автори: 1X2STUDIO, Beograd
Интервенција: Изградба
Локација: општина Прилеп, КП 2.19.1, 7500 Прилеп, Р.Македонија
Адреса: ул.Васко Каранѓелески
Изградена бруто површина на објектот: 1.307м2
Катност: Приземје
Број на проектот: Europe Aid / 132633 / C / SER / multi
Тип на проект: Надворешна соработка
Нарачател: Министерство за финансии
Корисник: Министерство за внатрешни работи на Р.Македонија
Извршител: SUEZ Consulting / SAFEGE SA, Gulledelle 92 – B-1200 Brussels, Belgium
Финансирање: Европска Унија
Имплементација: САФЕГЕ и конзорциум SA FWC – Lot 2
Управување: Делегација на ЕУ во Р.Македонија
Период на проектирање: 6. 2016. – 6.2017
Проектант: SAFEGE Consulting Engineers, Gulledelle 92 – B-1200 Brussels, Belgium
Тим лидер: мр.Зоран Абадиќ
Идејно Решение: мр.Зоран Абадиќ, Јелена Богосавлевиќ, Коста Димитриевиќ
Главен проект: Мегарон Инженеринг д.о.о Скопје
Одговорен проектант: Бујар Муча, лиценца бр. 1.00272
Период на изработка: 3.2018 – 5.2019
Изведувач на работите: 4А-М Sh.p.k Tirana, Albania
Стручен надзор: SUEZ Consulting / Safege

 

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This