Бecплатно лekување од Koвид-19 за наши државјани ако се 3aтекнат во Србија и Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се укинува задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија.. Од Македонија кон северниот сосед од среда ќе бидат отворени границите без никакви ограничувања, а истото ќе продолжи да важи и за Албанија.

Ова е дел од договореното преку Меморандумот кој денеска преку онлајн средба го потпишаа премиерот Заев, неговиот колега од Албанија, Рама и претседателот на Србија, Вучиќ, а се очекува утре српската Влада да ја потврди ваквата одлука. Најавена е соработка и од здравствен аспект за граѓаните од трите земји – пациентите кои ќе бидат примени во болница, а не се државјани во таа земја, ќе се лекуваат бесплатно.

– Доколку некој граѓанин на Македонија се разболи и треба да се лекува во Албанија или Србија, тогаш нашите соседни држави ќе го покријат лекувањето и нашиот граѓанин нема да плаќа од својот џеб. Истото ќе важи и обратно. – Зоран Заев – претседател на Влада

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека бенефит ќе има и регионалната економија, а за поефективна борба со корона вирусот ќе разменуваат искуства и министрите за здравство.

– Инфекциите не познаваат националности и државни граници, затоа е многу важно да не ги затвораме границите меѓусебно. Туку заеднички да ја пребродиме кризата, исто така да продолжиме со нашата трговска размена. – Александар Вучиќ – претседател на Р. Србија

Македонските државјани веќе неколку години имаат можност да патуваат во Србија и Албанија само со лична карта, а отсега ова ќе важи и за поминување на границите помеѓу овие две држави кои потпишаа билатерален договор. Албанскиот премиер вели дека Балканот има капацитет да соработува во ваква криза, но е потребна поголема поддршка од Европската Унија.

-Не постои подобра можност и иднина од отворени разговори, комуникација, размена на ставови…..- Еди Рама – претседател на Влада на Р. Албанија

Соработката помеѓу Македонија, Србија и Албанија произлегува од балканскиот т.н. Мини Шенген на кој трите влади ставија потпис минатата година во ноември. Нивните очекувања се дека набрзо во процесот ќе се клучат и Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This