„БECA повеќе не пocтои“: Оставка на висок функционер во партијата, вели станале пopтпароли на Д У И

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Младинскиот форум на движењето Беса, Лиридон Усеини поднесе оставка. Тој информира дека се откажал од сите функции кои што ги извршувал во Движењето Беса.

„Денеска, јас Лиридон Усеини поднесувам неотповиклива оставка од сите функции во Движењето Беса, од позицијата лидер на Младински форум на Движењето Беса, од позицијата член на Централното претседателство и повеќе нема да бидам член ниту на едно тело или комисија во партијата“,пишува тој на својот Фејсбук профил.

Објаснувајќи ги причините за својата одлука Усеини нагласува дека Движењето Беса е трансформирано во структура која работи само само за задоволување на семејните и на клановските потреби.

„На многумина можеби им е изгледа нелогично откажувањето ако се има предвид дека Беса е владејачка партија, но јас бев исправен пред дилемата – да сочувам достоинството или да прифатам неправда и да ги затворам очите. Партијата која беше создадена за да направи промена на дотогашните политики на ДУИ стана нејзин портпарол и филијала на СДСМ. Движење Беса практично веќе не постои. Таа е компанија која ги молзи оние кои останале таму и нејзиниот политички живот ќе трае до следните избори“, вели Усеини.

Тој укажува дека нема решено дали ќе го продолжи својот политички ангажман во друга партија а во меѓу време ќе настапува како независен советник во Советот на Општина Желино.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This