Бopисов бара диjaлог со Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во врска со европската интеграција на Република Македонија, премиерот Бојко Борисов истакна дека Бугарија отсекогаш била подготвена за дијалог и разбирање за решавање на билатерални прашања, но за таа цел мора да има желба и исполнување од двете страни.

Ова го рече денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на видеоконференцијата за одобрување на следниот буџет на ЕУ и Пакетот за закрепнување, со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Софија, соопшти владината прес-служба на Бугарија, кога бил запрашан од дипломатите за надминувањето на спорот со Македонија, пренесуваат бугарските медиуми.

Тема на разговор, покрај справувањето со коронавирусот, била и европската перспектива на Западен Балкан.

Македонскиот државен врв во моментов остава можност земјата да добие датум за преговори со ЕУ до крајот на годината, иако шансите за тоа се мали.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This