Бpазилскиот вид на ковид-19 kocи во Мексико, Филипче вели Рашковски нема потреба да оди во изолациja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче рече дека Драги Рашковски кој моментално е на одмор во Мексико не треба да оди во 14 дневен карантин откако ќе се врати во државата бидејќи не патувал во јужно африканските земји каде што е присутна јужноафриканската варијанта на КОВИД-19, а заборава дека и во Мексико е присутна и бразилската варијанта на КОВИД-19 која забрзано се шири.

Според студија објавена од Империјал колеџ во Лондон, Универзитетот Оксфорд и Универзитетот во Сао Пауло може да предизвика реинфекција кај 61 отсто од луѓето кои веќе прележале КОВИД.

Новиот тип коронавирус продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, при што во Бразил пред два дена беше забележана рекордна бројка од 2.798 починати за 24 часа од почетокот на пандемијата во земјата.

И Мексико исто е сместена во земјите со 4-ти степен на ризик, односно земја со многу висок ризик, а поради ваквата состојба САД ја затвори границата со Мексико за сите непотребни патувања, но министерот Филипче очигледно дека или не е информиран за ваквата состојба или не сака да го стави во карантин неговиот сопартиец кој е ужива на мексичките плажи, па го прескокнува моментот со опасниотбразилскиот сој на КОВИД-19 и вели дека карантинот важи само за лица кои патуваат јужноафриканските земји.

„Карантин од 14 дена е препорачан за луѓе кои патуваат во земји на африканскиот континент. Причина за тоа е евентуална трансмисија, внесување во земјава на варијанта јужноафриканска која се карактеризира по тоа што многу побрзо се пренесува и не се знае ефектот на вакцините врз овој сој“, рече Филипче.

Инаку, Мексико со популација од 129,891,000 инаку е трета земја во светот по смртни случаи. Од почетокот на пандемијата таму битката со КОВИД-19 ја загубиле 195,908 лица, од кои 789 само денес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This