БPУKA: Македонија пocлаба вoeна сила од Црна Гора, а пред БиХ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е на 121. место во светот според својата воена моќ во конкуренција на 137 држави опфатени со истражувањето за 2019 година на Global firepower, кој не ја користи додавката „Северна“.


Во однос на земјите од регионот, зад Македонија е само Босна и Херцеговина на 123. место, а подобро стои дури и значително помалата по територија и население 29. членка на НАТО, Црна Гора, која е 119.

Од регионалните воени сили Турција е на 9. позиција, Грција е 28., Романија 40., а Бугарија 49. Подобри од Македонија во опкружувањето се и Хрватска на 70. место, Србија на 79., Словенија на 88. и Албанија на 92.

Топ 10 воени сили во светот според оваа листа се САД, Русија, Кина, Индија, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Велика Британија, Турција и Германија по тој редослед.

Земјите се рангирани според 55 поединечни фактори, групирани во неколку категории: човечка сила, потоа, воздушни, копнени и поморски сили, извори на нафта, логистика, финансии и географска положба.

Македонија е највисоко позиционирана (40. место) со своите четири борбени хеликоптери од вкупно 14, потоа со 24 ракетни лансери е 54., so 144 мобилни артилериски орудија е 58. итн.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This