БPABО за „Koмити“ – TPИ милиони денари собрани за „Спac нa Вардap“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Навивачката група на фудбалскиот клуб Вардар, популарните „Комити“, пред повеќе од еден месец почнаа акцијата за продажба на виртуелни билети, со цел да му се помогне на најтрофајниот фудбалски колектив во нашата држава, кој во последните сезони се соочува со сериозни проблеми.

„Купи билет за спас на Вардар“ се покажа како фантастичен проект на вардаровите фанови. На денешната прес-конференција членови на навивачката група ја презентираа целта на оваа акција и го открија точниот број на продадени вируелни билети за натпреварот од првото пролетно коло меѓу Вардар и Пелистер.

Продадени се вкупно 33.381 билет, што претставува рекорд кога се работи за спортски настан во нашата држава, а со тоа собрани се 3.338.100 денари.

Од оваа сума кога ќе се одземе данокот и останатите трошоци, останува нешто повеќе од два милиони денари (2,6), а како што потврдија на прес-конференцијата сите средства веќе се прераспределени кај играчите, тренерите и сите членови во фудбалскиот клуб Вардар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This