Важно за сите кои патуваат во Австрија, продолжен режимот за влез во земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрија останува заклучена до 24 јануари, а се најавува дека режимот за влез во земјата ќе биде дополнително продолжен.

Австриската влада, кога ги воведе мерките на 19 декември, најави дека тие најпрво ќе бидат на сила до 10 јануари, како би се опфатил и православниот Божиќ, со цел да ги обесхрабри луѓето од Балканот, да патуваат дома за празниците.

Меѓутоа, откако мерката за заклучување е продолжена, прво до 18 јануари, беше најавено дека режимот за влез ќе важи до тогаш.

Заклучувањето сега е продолжено до 24 јануари, а сега се најавува дека режимот за влез во земјата ќе биде дополнително продолжен.

Со оваа уредба, секој кој ќе сака да влезе во Австрија ќе мора да се регистрира, како би се олеснило трасирањето на контактите.

Така и понатаму сите кои ќе влезат во Австрија мора да одат во десетдневен карантин, со можност за прекин, ама дури после пет дена изолација и со негативен тест.

Од карантин изземени се само лица кои работат прекугранично, припадниците на хуманитарните организации, како и лицата кои добиле покана од суд, кои мораат на погреб во Австрија, кои сепак пред влез во државата ќе мора да имаат негативен тест.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This