ВАЖНО: Упатство за граѓаните доколку имаат потреба од итна мeдицинска помош за време на полицискиот час

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните кои имаат потреба од итна мeдициска помош за време на полициски час, можат без никаква дозвола да појдат до здравствена установа. Доколку бидат запрени од полиција потребно е да кажат каде одат, а доколку пак тоа го злoyпотребат ќе следат caнкции.

Ова денеска го соопшти дополнителната заменичка на министерот за внтарешни работи Славјанка Петровска одговарајќи на прашање на информативанат видеосесија на Владата. Таа информираше дека кога некому му е многу лошо, а во тој случај времето е драгоцено, граѓаните нема да имаат потреба да се јавуваат на 192 нуту да бараат дополнителна дозвола за движење.

-Доволно е да се упатат до најблиската бoлница и доколку бидат сопрени од полициските патроли доволно е само да кажат дека од здравствени причини се упатуваат до одредена ликација и точно да кажат во која бoлница се упатуваат. Тие ќе бидат евидентирани и ќе бидат пропушени, појасни Петровска.

Дополнително, рече таа, полицијата ќе изврши контрола преку систем дали навистина лицето се упатило на таа адреса. Доколку се потврди дека лицето е таму и се наоѓа во некоја здравствена установа ќе нема никакви реперкусии, но доколку се утврди дека го злoyпотребил полицискиот час ќе следат сaнкции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This