Вака беше и за името: Владата убeдува дека меморандумот на Софија не зaдира во Македонскиот јазик и македонскиот eтнички идентитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Правото на самоопределување и самоидентификација се темелни европски вредности и цивилизациски придобивки и дека посебноста на македонскиот јазик и македонскиот етнички идентитет се неспорен факт, велат од македонската Влада за меморандумот што Софија го достави до земјите членки на ЕУ.

– Македонскиот јазик е составен дел од личната карта на Македонија во Обединетите нации и дел од многуте прифатени и признати модерни јазици кои се изучуваат на универзитети во целиот свет. Во 21-от век во Европа, прифаќањето на минатото, но и на сегашноста се одраз на одговорна и зрела политика и вистинско пријателство, смета Владата.

Според Владата, тврдењата и изјавите кои содржат навреди не водат кон пријателство.

– Пријателството е двонасочна улица и најмногу зависи од нас самите од нашето почитување на европските вредности и принципи. Договорот за пријателство, добрососедство и соработка е одраз на взаемното почитување и пријателство и подразбира и бара одговорност и учество од двете страни, велат од Владата за МИА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This