Вакцината AstraZeneca која ќе ја добиеме во март не се препорачува за лица над 65 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Миинстреството за здравство пред малку соопшти дека првата вакцина која ќе пристигне во нашата земја Македонија преку КОВАКС системот, е вакцината AstraZeneca.

Испораката на 35% од предвидените 175.200 дози од оваа вакцина ќе се реализира во март, а остатокот до средината на годината. Системот за вакцинација е целосно подготвен да ги прими количините на вакцините преку КОВАКС механизмот, но истовремено обезбедува вакцини и од други производители и преку други механизми.

„Нашата земја има развиена безбедена и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата“.коментираше министерот за дравство Венко Филипче.

Вакцината на „АстраЗенека“ против Ковид-19, која е трета одобрена во Франција, не се препорачува за лица постари од 65 години, поради недоволни податоци за нејзината ефикасност во таа возрасна група, соопшти Јавниот институт за здравство на Франција (ХАС).

„Сè уште немаме доволно податоци за лица над 65 години. Се надеваме дека ќе ги добиеме овие податоци во наредните недели, а во меѓувреме оваа вакцина ја препорачуваме за лица помлади од 65 години“, рече директорот на ХАС, Доминик Ле Гулудец.

ХАС ја одобри вакцината АстраЗенека четири дена по Европската агенција за лекови (ЕМА).

Независното тело, чии совети Владата на широко ги почитува, смета дека вакцината прво треба да се дава на луѓе на возраст од 50 до 60 години и на медицинскиот персонал. Слична одлука за употребата на АстраЗенека донесоа Италија, Австрија и Германија, повикувајќи се и на недостаток на податоци.

ЕМА минатата недела соопшти дека нема доволно податоци за вакцината АстраЗенека за да утврди дали може да се користи кај постарата популација.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This