Откако беше објавено дека Владата достави барање до општина Центар за уривање на Порта Македонија и дислокација на споменикот на Мајка Тереза попладнево во изјава за ТВ 24 велат дека Владата не е за уривање на објектите но бара од општина Центар да го ревидира Деталниот урбанистички план познат како „Мал ринг“ што го опфаќа јадрото на Скопје.
При тоа Владата оценува дека Порта Македонија како објект не ги попречува пешаците што секојдневно таму поминуваат ниту го попречува моторен сообраќај.
„Врз основа на добиените мислења од надлежните институции Владата и предложи на Општина Центар да го ревидира предметниот ДУП по решенијата и да види дали истиот е усогласен со овие општи генерални забелешки кои произлегуваат од различните мислења на надлежните институции.
Со мислењето дадено до Општина Центар, Владата не укажува дека треба да се руши кој било од споменатите објекти, туку препораката е дека предметниот ДУП треба да се разгледа и усогласи од страна на Општина Центар имајќи ги предвид мислењата кои се дадени и од Комисијата.“ – велат од Владата.
Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ за ТВ 24 изјави дека следната недела на работен состанок заедно со министерството за култура и Владата ќе утврдуваат која институција каков правен акт треба да донесе за да може да се спроведе процедурата на уривање и отстранување на спомениците.
Иако можеби на еден начин Порта Македонија е копија на Триумфалната порта во Париз која ја изградил Наполеон Бонапарта сепак нејзиното уривање би претставувало антицивилизациски чин, затоа што на неа преку релјефи е поставена целата историја на Македонија.
Ова е ставот на архитектот Вангел Божиноски, основоположник и член на почесното претседателство на архитектонскиот совет за центрана и источна Европа, кој став доаѓа после одлуката на Владата да се избришат маркичките на Порта Македонија и споменикот Мајка Тереза.
Божиноски е исто така еден од авторите вклучени во проектот „Скопје 2014“. Негово дело е стаклената купола на Собранието каде сега се одржуваат седниците.
-Уривањето на една севкупна историја значи уривање на сите напори кои ги има вложено македонската цивилизација и гордоста на Македонија, која се тие релјефи кои се претставени, има намера да ја соопшти вистината онаква каква што треба да влезе во сето светско учебникарство.
Тој што сака тоа да го сруши не ја заслушува својата диплома и мислам дека тоа е антицивилизациски чин“, рече Вангел Божиноски, архитект.
Божиновски вели дека уште кога се градела портата тој имал забелешки и сметал дека таа во нејзината форма треба да биде изворна, македонска. Но сега сепак не требало таа да се урива.
Според него портата можела да претрпи измени со кои би ја добила таа типична македонска архитектура, што би било за 50% поефтина варијанта од уривањето, вели арјитектот Вангел Божиновски во изјава за Сител телевизија,