ВАНКОВСКА ДО ЈАНЕВА: Катица Јанева е секогаш (малку) попаметна кога молчи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил реагираше на изјава на Катица Јанева во која таа јавно призна дека владеачката партија не била свесна дека се прислушкува, додека опозицијата внимавала што говори во бомбите, бидејќи знаела дека се прислушкува. Таа истакна дека е Катица Јанева е попаметна кога молчи, бидејќи јавно призна дека некој и наложил на опозицијата да молчи за не биде инкриминирана, а потоа тој ист центар на моќ им ги доставил прислушкуваните материјали.

-„Обвинителката Јанева додаде дека од нејзините слушања на разговорите кои се дел од доказите во предметите на СЈО утврдила дека тогашната владејачка партија ги водела телефонските разговори на сите теми, додека тогашните опозиционери имале сомневање дека ги прислушуваат и биле претпазливи. Јанева додаде дека за нив нема индиции дека сториле кривични дела и дека треба кривично да се гонат.“

Катица Јанева е секогаш (малку) попаметна кога молчи. Сега треба ли да нацртам дека глупердите од власта си зборувале по телефон се’ што ќе им падне на памет, а опозиционерите си знаеле дека се прислушува, па си биле внимателни да не зборуваат за ништо што ќе ги инкриминира? Треба ли да нацртам кој им кажал на опозиционерите да си го скратат јазикот додека се собира материјалот за „бомбите“? Притоа, целокупниот материјал им „падна од небо“ токму на овие кои внимавале што зборуваат, па дури и го чуваа доволно долго за да навлезат во приватноста на десетици илјади луѓе, кои беа само колатерална штета на целата операција, а кои и натаму можат да бидат уценувани по една или друга основа, вели таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This