Ванковска за Филипче: Пpocтете, ама тука личност не барајте

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Венко Филипче даде монтирана и драмска оставка, а не неотповиклива – како што е случај кога станува збор за длабоко личен и морален чин, пишува во својата последна колумна за „Нова Македонија“, професорката Билјана Ванковска.

Со целиот циркус околу тој чин (Заев се премислува, директорите на јавните здравствени установи не му ја прифаќаат оставката небаре тие него го поставиле, а не обратно, па се организираат во одбрана „Ж суи Венко“, за медиумските нарачки и да не зборувам) ги фрли во сенка жртвите! Ги забошотува реалните проблеми што објективно постојат во ресорот што Филипче не само што го раководи туку е и политички и правно одговорен за состојбите во него. Мораме да имаме на ум две работи: прво, оставката е безначајна и срамна во овој миг; второ, зборуваме за нешто многу поголемо, поважно и поегзистенцијално од трагедијата во Тетово. Личноста на министерот е веќе видена: од лажењето за вакцината на внуката, оние безобразни тинејџерски јурења со мотори заедно со премиерот (двајцата недораснати, небаре со хормонален дисбаланс и мозолчиња) среде пандемија, водењето партиска политика во време на пандемија, коруптивни индикации во набавка на респиратори и вакцини итн. Простете, ама тука личност не барајте! Ниту морал ниту Хипократова заклетва! Трагично е само што е лекар (и професор!) – припадник на професионална група што нужно се поврзува со хуманост, пожртвуваност и несебичност, а која е толку девалвирана низ годините (секоја чест на исклучоците), пишува Ванковска.

Целата колумна тука

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This