Патријархот Вартоломеј се налути на Бугарската православна црква поради отворената поддршка што таа ја дава на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, кога ја презеде улогата на мајка-црква.
СПЦ поради спорот ја карактеризира МПЦ како „расколничка“, која е избрана без соодветна дозвола и постапка. Според Вартоломеј, БПЦ не може да им помогне на другите цркви да го решат нивниот статус и тоа треба помине преку Вселенската патријаршија. Вартоломеј тврди дека само црквата во Константинопол може да биде мајка на балканските цркви.
На крајот на ноември, Синодот на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија го прифати барањето да и биде мајка црква на Македонската православна црква и да ја застапува пред помесните православни цркви.
извор: Makfax