Вархеји ни даде многу cилен совет: Македонските политичари да се дружат повеќе со бугарските политичари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската комисија вчера ги објави редовните извештаи за напредокот во реформите во земјите од Западен Балкан и Турција, како и долгоочекуваниот Економски инвестициски план за регионот.

Според извештајот за Македонија потребни се дополнителни напори, како што се медиумите и законодавство за превенција од дискриминација.

Комесарот за проширување и добрососедство на ЕУ, Оливер Вархеји ќе престојува денеска во Скопје за да го претстави извештајот на ЕК за напредокот на земјата. Вархеји ќе има средби со премиерот Зоран Заев и членови на Владата. Се очекува и работен ручек на Вархеи со претседателот Стево Пендаровски. За време на посетата, еврокомесарот ќе оствари средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Вархеји вчера на прес-конференцијата во Брисел на претставниците на македонската Влада им порача дека треба да инвестираат директно во дијалогот со Бугарија со цел решавање на споровите.

– Работиме рака под рака со бугарските и македонски власти, минатата недела ги примив министерот за надворешни работи и вицепремиерот. Ги охрабрив да се дружат со нивниот сосед, бидејќи станува збор за заеднички интерес да се пронајде решение што е прифатливо за обете страни, рече Вархеји.

Тој уште еднаш потврди дека целта на Европската комисија и германското претседателство е да се одржи првата меѓувладина конференција, односно отворањето на првите поглавја за преговори до крајот на оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This