Василевска до Деспотовски: И вас Заев да ве шеташе насекаде ќе станевте претседател на СДСМ, а не Ковачевски, за каква демократизација говорите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Само вистина“ го запраша Јован Деспотовски дали навистина тежи само 3.000 гласа. И дали мисли дека во нивниот внатрепартиски процес односно избори беше рамноправна битката.

-Јас мислам дека актуелниот претседател на СДСМ имаше најмали шанси во некои нормални услови на вистинско спроведување на демократија. Бидејќи како што гледаме господинот Зоран Заев за раче го шета насекаде. И тоа не е рамноправен однос, рече Василевска.

Василевска дури додаде дека Заев да го зедеше Деспотовски и го шеташе насекаде и тој ќе станеше претседател на СДСМ како што е сега Ковачевски.

-Да ве земеше тројцата и да одеше еднакво за сите тогаш ќе беше јасно, но ова е само еден малку подобро направен пиар во однос на некаква демократизација која што ги затскрива другите прашања, укажа Василевска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This