Вашaтa пoследнa шaнсa: Мaсoвни кoнцeрти и жуpки викeндoв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред стартот на новите рестикции, сопствениците на ноќните клубови ги користат последните денови да ги органзиираат планираните журки. Големи забави со познати балкански пејачи и со многу луѓе по диската низ земјава. Вчера во струмичкиот клуб АВАТАР илјадници гости се забавувале на познатата Карлеуша. По видеата објавени на социјалните мрежи, може да се забележи дека во клубот биле присутни над 1. 000 луѓе, многу повеќе од дозволеното.

Од пазарниот инспекторат велат дека во изминатите денови направиле низа контроли во повеќе клубови, но се уште ги сублимираат податоците од инспекциите.

Викендов пак ќе се одлучува дали од понеделник ќе важат веќе најавените рестрикции или пак ќе има измени. Во игра се повеќе варијанти. Се разгледува можноста освен со сертификат за вакцинација, гостите да можат во угостителски објект, вклучувајќи ги и хотелите да влезат и со документ за прележан Ковид и со негативен PCR.

На новите рестрикции бурно реагираа угостителите. Велат дека на само два дена пред тие да почнат да важат не знаат што треба да направат освен да обезбедат редарска служба за која исто така имаат потешкотии да најдат луѓе.

Со реакција излегоа и од КСС.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) е загрижена за ситуацијата со здравствената состојба на работниците во Македонија, а особено за новите мерки кои се усвоени од Владата со кои се прави дискриминација на вакцинирани и невакцинирани. Како синдикат загрижени сме за сигурноста на работните места, се вели во дописот од ССК.

Според најавените мерки, од понеделник сите затворени угостителски објекти имаат забрана да организираат било какви прослави. Во отворените делови кои се со капацитет за повеќе од 30 гости треба да има редарска служба, а гостите сертификат за примена една доза вакцина. Сепак надлежните предупредија дека ако има влошување на сосотјбата, а имунизацијата е слаба можно е да се воведат мерки и а влез во моловите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This