ВЕВЧАНЕЦ ГО ОБBИHИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДЕКА ГО ШAMAPAЛ: Градоначалникот тврди дека лaжe и дека го приjaвил за лaжнa приjaва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма се случува во Вевчани по обвинувањата и пријавата на граѓанин за физички напад од страна на градоначалникот на општината.

Според тврдењето на граѓанинот, тој добил шлаканица од градоначалникот Сашо Јанковски без никаква причина, а настанот го пријавил во полиција, по што таа тропнала на на вратата на градоначалникот.

Во изјава за Инфомакс, Јанковски вели дека бил зачуден што полицијата тропа на неговата врата, а уште повеќе бил збунет кога разбрал дека таа го бара него за физички напад врз сограѓанин.

Јанковски, вели дека со граѓанинот случајно се сретнал и му посочил дека не е во ред тоа што го пишува за него и неговото семејство на социјалните мрежи. Наводно граѓанинот на социјалните мрежи пишувал како сопругата на градоначалникот e заразена со корона, па поради тоа градоначалникот вербално го конфронтирал и му посочил дека тоа не е во ред и оти и тој има семејство.

Јанковски не извести дека и тој го пријавил граѓанинот, но за лажна пријава во полиција.

Според Експрес во моментов нападнатиот прибира соодветна лекарска документација за физичките и психичките последици од нападот по што ќе следува соодветна правна постапка против градоначалникот за кого тврди дека го нападнал поради различна политичка и идеолошка припадност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This