- Advertisement -
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе биде информиран за борбената готовност на Армијата на Република Македонија од страна на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.
Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на началникот на Генералштабот на АРМ кон претседателот. Иванов ќе биде информиран за реализацијата на плановите и задачите на АРМ во 2017 година, согласно со функционалните области на АРМ.