ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА: Апсурдни се аргументите од владата на Заев за двојазичноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Понудените аргументи и стојалишта на владата во Скопје се апсурдни, подготвени од луѓе кои не го познаваат меѓународното право или од политиканти кои сакаат да внесат дневна политика во јасни меѓународни стандарди, се вели во објаснувањето кое членови на Венецијанската комисија го даваат во врска со позициите на македонската влада за прелиминарното мислење на комисијата.

Венецијанската комисија се води од меѓународното право и од конвенциите за човекови права, а не од политички состојби и стабилност на некој политички фактор, се додава во коментарот за позициите на македонската влада на членови на Венецијанската комисија која вчера и денеска расправа за Законот за јазици.

– Понудените аргументи и стојалишта на владата во Скопје се апсурдни, подготвени од луѓе кои не го познаваат меѓународното право или од политиканти кои сакаат да внесат дневна политика во јасни меѓународни стандарди. Ние ја разбираме комплексноста на проблемот кој го створила владата на С. Македонија но не можеме да прифатиме барање за селективност во третманот на меѓународните правила кои важат за сите членки на Советот на Европа, се вели во објаснувањето кои членови на Венецијанската комисија ги даваат во врска со позициите на македонската влада за прелиминарното мислење на комисијата.

Дел од членовите освен што се вознемирени од позициите на Македонија за правното мислење на Комисијата во врска со Законот за јазиците се и длабоко навредени од помислата дека врвните европски експерти за уставно право можат да потклекнат пред правниот волунтаризам и политички притисок кој доаѓа од Скопје.

Вообичаените молчаливи членови на Венецијанската комисија велат дека правниот и политички преседан што го прави владата на Македонија ќе создаде лош имиџ за земјата како неподготвена да прифаќа европски норми на однесување и да го почитува меѓународно право кое веќе го прифатила како на пример Европската повелба за регионални и малцински јазици.

– Обидот да се врши политички притисок врз Венецијанската комисија е најголемата грешка што може да ја направи некоја влада членка на Советот на Европа. Да се тврди директно или индиректно дека комисијата грешно ги анализирала европските стандарди во врска со Законот за јазиците е многу погрешно, вели член на комисијата кој предходно никогаш не коментирал позиции на некоја друга земја за мислење на комисијата.

Понатаму членот со разочарување коментира:

– Никогаш немало потреба за тоа, затоа што дури и земји каде има високо ниво на автократија избегнуваат конфликт затоа што се свесни дека Венецијанската комисија е непристрасна институција која се води исклучиво од правни начела, вели членот на комисијата.

Вицепремиерот Бујар Османи денеска го брани ставот на владата пред Венецијанската комисија.

Владата се уште не го објавила ставот за правното мислење што во нацрт форма го објавија свиркачи во октомври оваа година.

Вчера други членови на комисијата на вицепремиерот Османи му порачаа да се подготви за разочарување во обидот да го смени ставот на членовите на комисијата на Советот на европа која има задача да ги штити демократијата, владеењето на правото и човековите права во сите свои членки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This