Венко Филипче препорачува: Македонија започнува со вакцинација со трета доза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ситуацијата со пандемијата е прилично стабилна, повеќе денови имаме идентичен број на новодијагностицирани, односно од 450-500 е бројот на новозаразени. Бројот на хоспитализирани се намалува ширум болниците во државата, порача денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, информирајќи за епидемиолошката слика во нашата земја.

Филипче го најави и корона скринингот во образовните институции.

Според методологијата во следниот период ќе бидат тестирани 8.200 учениците од основното и средното образование. Оваа недела ќе се бара писмена согласнот од родителите, со цел да се види дали во училиштата има асимптоматски случаи – рече министерот кој очекува овој скрининг да заврши за 10 дена до две недели.

Другата важна одлука која ја сподели Филипче е препораката за трета доза без оглед на возраста.

Препораката од Комитетот за имунизација е освен лицата над 60 години трета доза вакцина да добијат и било кои други граѓани без оглед на возраста. Без оглед дали имаат или немаат хронични болести, доколку се под ризик поради фрекфенцијата на контакти, работното место итн, може да да се вакцинираат.

Тој информираше дека досега 789 000 граѓани се вакцинирани.

Вакцинирани се 47% од полнолетните граѓани со една доза, а 38, 2% со две дози. Има разлика до општина до општина. Најмногу вакцинирани со две дози има во Вевчани, Гевгелија, Кавадарци, Охрид, Демир Капија, а најмалку вакцинирани има во Липково, Ново Село и Македонска Каменица. Вакцини има доволно – рече Филипче.

Анализата на бројот на позитивни и хоспитализирани, како и смртни случаи ја потвдува ефикасноста на вакцината, потсети министерот, информирајќи дека околу 77 од новозаразените и 79 од новохоспитализираните се невакцинирани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This