Весела математика и навpeди за Мицкоски: СДCM убедени дека победиле на изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И кога ќе мислите дека го допреле дното, ете уште едно партиско соопштение од Бихаќка кое ќе ве поправи.

-Во име на гласовите на граѓаните кои ги освои владината коалиција кои се повеќе од гласовите на опозицијата, во име на нужноста земјата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, во име на потребата да ги вложиме сите напори да ги почнеме преговорите со ЕУ, ова парламентарно мнозинство нема да ја става државата на ризик и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори, велат од СДСМ во своето најново соопштение.

Покрај навредите за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски она што најмногу загрижува и ја доведува под знак прашалник емоцијалната и психичката состојба во владеачката партија е фактот што тие тврдат дека победиле на локалните избори.

-СДСМ, коалицијата и демократското мнозинство граѓани нема на бранот на еуфоријата да му дадат на Мицкоски поголема власт од оваа која ја освои на локалните избори. Државата е многу поважна од разулавеноста на Мицкоски и неговата желба за власт, додаваат од Бихаќка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This