ВЕТУВА MНОГУ, НО НИШTО НЕ МОЖЕ ДА ИCПОРАЧА: Ветените мерки на СДСМ не можат да се исполнат, граѓаните се оставени на милост и немилост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата предводена од СДСМ многу ветува, но ништо не исполнува, рече во денешното интервју за „Сител“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Посочи дека тоа се виде и во време на оваа криза многу вработени, стопанственици останаа на милост и немилост на оваа влада. А, пак СДСМ преку мерките води предизборни калкулации, грижејќи се да го ублажат нивниот порaз на претстојните избори.

Ценам дека повторно доаѓа до израз сето она лицемерие од страна на владините функционери. Од една страна вие барате избори да се случат во јуни, или еве да речеме на почетокот како што беше 14 јуни, па 21, па 28. А, од друга страна барате продолжување на вонредната состојба, значи гледате дека нешто не е во ред, 30 дена, кои што би завршиле таму некаде 15 јуни ако не се лажам. Па претседателот Пендаровски им дава 14 дена до 30-ти мај. И тогаш вие излегувате со спектакуларен трет пакет на економски сет на мерки кои што се поделени на три столба, појасни Мицкоски.

Мицкоски ги појасни мерките на владата по столбови, од кои првиот столб е мерките кои што практично имаат за цел да ја зголемат потрошувачката на граѓаните. Вториот столб е помошта кон стопанството. И третиот столб е земјоделието.

Заедничко за вториот и третиот столб е што тие мерки кои што се предвидени реализација им е во периодот септември, декември. Затоа што немаат идеја како да дојдат до средства. Има таму една чудна мерка 2-2, каде што државата треба да гарантира за приватни компании кај комерцијалните банки, а притоа законот за јавен долг е многу јасен и експлицитен кој што вели дека не може државата да гарантира за правно лице кое што не е генератор на јавен долг. Значи дека државата може да гарантира само онаму каде што е доминантен сопственик или апсолутен сопственик. Зар владата ќе се дрзнe да го менува законот за јавен долг. Владата ветува нешто што не може да го исполни. А, она што е во земјоделието е практично редовната програма на министерството за земјоделие, кое што сега по магичен пат стана антикpизна мерка, вели Мицкоски.

Првиот столб со кој што предвидела владата е да таргетираат различни целни групи и тоа има неколку подмерки.

Првата мерка е ваучерот околу 150 евра на 100-тини илјади граѓани за поттикнување на потрошувачката. Втората мерка е ваучери од 100-тина евра и 50-тина евра џепарлак, тоа е кои што имаат помали примања до 14.500 денари, минимална плата. И третата е за студенти и средношколци, а ги забораваат и основците кои имаат потреби да речеме од електронски помагала итн. А, нив ги заборавиле, па велат средношколци и студенти и за нив ќе дадат 100-тина евра и ваучер околу 50-тина евра џепарлак. Но забораваат дека на 31 мај по завршувањето на големата состојба се cуспендира уредбата која што претходно го cуспендира членот 8А од Изборниот законик кој што вели, 60 дена пред одржување на изборите вие не смеете да имате вонредни плаќања бидејќи се смета за изборна kopупција, потсети Мицкоски.

Мицкоски додаде дека оваа влада ветува многу нешта, но ништо не може да испорача.

Многу лица оваа влада два месеци остави без месечни примања. Граѓаните се оставени на милост и немилост. Има компании кои што сега во месец мај добија помош за месец април средства ги враќаат бидејќи не можат да издржат. Ги враќаат бидејќи владата ги обврзува да ги задржат вработените, а тие не се во можност да ги средат обврските кон вработените, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This