ВЕЧЕРВА ВО ДНЕВНИК 2 НА МТВ 1: Промоција на Евровизиската песна “YOU”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Евровизиската песна „YOU“, со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам ќе биде промовирана вечерва во Дневник 2 на МТВ 1.

 

 

Автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Видео записот за песната го режираше Милена Витман, а фотографијата и монтажата се дело на Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.

За тебе или YOU ја доживувам како покана за танцување, покана да се конектираме, да го славиме живoтот и сегашниот миг. Без разлика што и да ни се случува во моментот – продолжете да играте во ритамот на животот.

Сведоци сме дека не живееме во идеално време, но постојат магични моменти кои поминуваат без да ги забележиме и залудно ги трошиме.
Длабоко верувам дека сѐ започнува од нас и дека ние сме првиот чекор, кој за другите може да значи инспирација и почеток на нова приказна.

Секој од вас ќе има прилика на свој начин да ја доживее оваа песна и ги очекувам сите ваши коментари да ги споделите и да ги тагнете нашите официјални хаштази: #VasilG #YOU #OpenUp #ESC2020“, вели Васил, кој ќе настапи во Првата полуфинална вечер на 12-ти мај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This