ВЕЧЕРНА МОЛИТВА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

† Вечен Бог и Цар на секое создание, Ти ме удостои да живеам до овој час. Прости ми ги гревовите што ги направив со дело, зборови и помисли, и исчисти ја, Господи, мојата несреќна душа од секаква телесна и духовна нечистотија.

Дај ми Господи, во оваа ноќ да имам спокоен сон, та кога ќе станам од мојата грешна постела, да му угодувам на Твоето пресвето име во сите дни на мојот живот и да ги победувам телесните и духовните непријатели што ме напаѓаат. Господи, избави ме од лоши помисли што ме осквернуваат и од грешни желби, зашто Твое е царството, силата, и славата на Отца и Сина и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This