ВЕЉАНОВСКИ ЗАДОВОЛЕН: Одлуката на Собранието да не ми го одземе имунитетот е принципиелна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски смета дека тоа што Собранието не му го одзеде имунитетот е принципелна одлука.

–Собранието не го одзеде имунитетот којшто го имам како пратеник. Тоа е принципиелна одлука. Стојам на располагање да се јавам на сите покани по предметот и да ги почитувам сите позитивни законски прописи, пишува Вељаноски.
Тензичната собраниска седница, на чиј дневен ред беше само точката за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски, која почна малку по 21 часот, беше прекината од претседателот на Собранието, Талат Џафери, неколку минути по полноќ. Денес, повеќе пратеници од СДСМ реагираа оти Џафери ја прекинал седницата.

Собранискиот спикер рече дека ја прекинал седницата поради однесувањето на пратеникот Зекири и затоа што поминало полноќ.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не даде конкретен одговор дали е на повидок нов партиски пазар за амнестија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ по случувањата во Собранието за одземање на имунитетот на пратеникот, Трајко Вељаноски. Заев рече дека е на ставот дека законот треба да важи еднакво за сите, без оглед дали се работи за пратеник или функционер од извршната власт.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2341039952581802&id=760466610639152

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This