Вељановски со дokaзи поби дел од паушалното обBинение за 27-ми април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На стартот на денешното судење за случајот 27 ми април, во кое обвинети се Трајко Вељановски, Спиро Ристоваки, Миле Јанакиевски, Владимир Атанасовски, беа изложени матерјалните докази од страна на обвинетиот Трајко Вељановски.

Тој во своето излагање ги читаше сценограмите од сесницата која се одржа на 27 април.

Вељановски по читањето на сценограмите од македонското собрание, пушти видео од седницата одржана на 27 април.

Вељановски го поби обвинението дека согласно сценариото му дал шанса да ја пее химната на Зекири. Вељановски потврди дека не еднаш туку во три наврати му дал збор на Ибрахими.

Тој со докази поби еден дел од паушалното обвинение дека веднаш после процедуралното обраќање на Крсто Муковски кој што ја пеел македонската химна, не му дал веднаш збор на Зекири, туку меѓу двајцата говореле уште тројца пратеници меѓу кои Антонијо Милошоски и Владимир Ѓорчев.

Вељановски презентираше докази дека СДСМ барале седницата од 27 да се одложи за 28 април. Овој поднесок е потпишан од 31 пратеник.

После поднесокот имало координација каде што присуствувале сите координатори на пратенички групи и договориле седницата да продолжи на 28 април следниот ден во 11 часот, и тука Вељановски ја завршил седницата на 27-ми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This