„ВИБЕР“ КОМУНИКАЦИЈАТА НА БОКИ: Читајте што пишувал и со кого контактирал Боки 13 и „Мајка“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во продолжение на доказната постапка за „Рекет“ кај што се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, во комуникација на Боки по Вибер и Ватсап се цитираше улогата на адвокатот Васил Димишков и неговата сестра судијката Весна Димишкова.

Во октомври 2018, Јовановски на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката на претходна постапка Весна Димишкова, му праќа дел од текст каде пишува дека судија на претходна постапка Димишкова, треба да одлучи за барањата за мерка притвор. Таа и му даде притвор на осомничениот во „Империја“ Орце Камчев, пренесува сдк.мк

Па во 2 часот по полноќ си пишуваат: „Биднало, време беше“.

На 13.10. 2018, Васил на Боки му праќа наслов на текст, па соопштение од обвинителството за одреден притвор на Орце Камчев.

Потоа Боки му праќа комуникација што ја имал со Дејан Панделески, син на газдата на „Пелистерка“ Цветан Панделески, осомничен во „Империја“.

На 19.10. 2018, Боки пак му праќа комуникација со Дејан Пелистерка:

„Не е добро да се гледаме.“

На 12.10. 2018, Васил го прашува Боки: „Како помина со мајка? Денес и шоферот на водата го земале. Тој бил поштарот што оставал пошта во сандачиња“.

Боки го вика: „Дојди во телевизија“.

Васил оди во „1ТВ“.

Секој ден чатуваат, со месеци, зборуваат во шифри за „Империја“, си препраќаат судски решенија, документи.

На 8.01. 2019, Боки му испраќа слика на Васил, ургенција за „Империја“.

Васил на Боки му праќа слика од документ – мислење на СЈО, да се одбие мислење за „Актор“. Почнале да ја дискутираат и оваа голема истрага на СЈО.

Во јануари 2019, Васил му пишува на Бојан:

„Извини, може ли да ја потсетиме мајка, уште не е стигнато“.

На 28 јануари 2019,, Васил повторно потсетува:

„Те молам види со мајка до каде е“.

Димишков е адвокат и него го нема во обвинението, бидејќи обвинителството за организиран криминал сеуште не најде докази дека вршел влијание кај сестра му Весна Димишкова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This