(Видео)АКМИС системот се злоупотребува и во Апелација во кривичниот предмет против Никола Груевски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од судски извори се говори дека скопска апелација целосно го заобиколува АКМИС ситемот во предмети кои се од особена политички интерес за актуелната гарнитура. Имено, советот во апелација кој одлучува по предметот е неколку пати сменет се со цел за да се направи подобен кој ќе го осуди Груевски. Актуелниот совет кој треба да одлучува по предметот Тенк, всушност е избран без да се активира системот, веројатно по некои други критериуми кои немаат допир со правдата.

 

Корупцијата во судството од ден на ден е се по очигледна, а во прилог на тоа оди и фактот што АКМИСОТ, односно електронскиот систем за распределба на предмети заглави на судијката Кацарска. Да не беше трагично ќе беше комично како сите предмети за поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и предметот 27 април впрочем заглавија, односно ги доби судијката Добрила Кацарска.

Неслучаен е фактот што речиси сите процеси кои се водат против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како и лица инволвирани во 27.април, ги водат истите двајца-тројца судии, познати во кулоарите на судската власт како блиски до актуелната власт но и до претставници на меѓународната заедница.

За ова, впрочем јавно зборуваше и судијата и екс-претседател на кривичниот суд Владимир Панчевски, кој изрази сомнеж дека АКМИС системот преку кој се распределуваат предметите за судење кај судиите, всушност се злоупотребува со цел предмети против екс-раководството на ВМРО-ДПМНЕ да потпаднат кај судии како Добрила Кацарска, која впрочем води и најголем дел од предметите.

Очигледно е дека судството е под целосна контрола на СДСМ и Зоран Заев и служи единствено за пресметка со политичките противници на власта.

Прибе е нарачка, системот за распределување на предмети во судот разбиен, целта е да се осудат на затвор сите кои можат да го спречат разобличувањето на македонската држава, токму пред референдумот на кој македонскиот народ треба да се самоукине.

 

Но до нашата редакција пристигна снимка снимена токму од АКМИСОТ на која се гледа дека системот за распределба на судски предмети има некаков проблем. Според видеото може да се забележи дека нешто не е во ред со системот или пак некој се обидува да го контролира системот за распределба на судски предмети.

Според судски извори проблемите со АКМИСОТ започнале по претресот на СЈО, кога без дозвола на Судскиот совет, претседателот на Кривичниот суд Рибарев им дозволил на обвинителите од СЈО да стават усб-иња на компјутерите на кои е инсталиран АКМИСОТ.

Во изминатиот период „Инфомакс“ во повеќе наврати пишуваше за злоупотреби на АКМИС системот, а меѓу останатото постојат и сомнежи дека меѓу инволвираните е и шефот на кривичен судијата Рибарев.

СКАНДАЛОЗНА ЗЛОУПОТРЕБА НА АКМИСОТ: Џолев распоредувал „пожелни“ судии за случаите на СЈО бајпасирајќи го АКМИС, покажуваат документите!

Според информации кои стигнаа до нашата редакција поранешната ВД претседателка на Кривичниот Суд Тања Михајлова спречила обид за лажирање на АКМИС системот бидејќи подолго време наназад судиите блиски до Зоран Заев правеле обиди да го нарушат работењето во Кривичен и да прикажат дека се вршени злоупотреби создавајќи хаварии во судот. Проблемите ги правеле самите лично или преку стручните соработници, меѓу овие судии блиски до Заев и СДСМ се судиите Весна Димишкова, Седат Реџепагиќ и Добрила Кацарска која го осуди Груевски. Меѓу овие судии е и долгогодишна пријателка на Кацарска, Славица Андреевска која определи притвор за битолскиот градоначалник Талевски.

КАРАМБОЛ ВО СУДОТ: Прибе е нарачка, АКМИСОТ оправдување, системот на распределба на предмети разбиен!

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This